1.      Дали можам да купам производ без да се регистрирам?

Не, производ не може да се купи без да се регистрирате. Задолжителна е регистрација со вашите основни податоци.

2.      За колку дена ќе го добијам нарачаниот производ?

Вашиот производ ќе биде во ваши раце 2 работни дена по процесирањето на нарачката.

3.      Како ќе платам за доставата?

Доставата за нарачки над 599 денари е потполно БЕСПЛАТНА. Тоа значи дека при комплетирањето на нарачката автоматски ви се појавува бесплатна достава. Доколку, пак, се одлучите за производ под 599 денари, доставата чини 130 денари и се вклучува во крајниот износ при плаќањето на вашиот производ. Повеќе информации за доставата можете да најдете во Политика на достава.

4.      Дали постои можност да се нарача производ кој е распродаден и автоматски да не се добие посакуваниот производ?

Не постои можност да се нарача производ кој веќе е распродаден, бидејќи пред да се нарача производот стои дали го имаме на залиха и колку единици од истиот имаме. Ако го немаме производот на залиха, нема да може да го нарачате, ќе стои дека е распродаден.

5.      Што ако немам платежна картичка?

 

Доколку немате платежна картичка можете да уплатите средства на транскакционата сметка на нашата компанија преку уплатница или преку плаќање на парични средства при достава на нарачката.

 

6.      Како да дознаам дали димензиите од производите ми одговараат?

Кога ќе отворите даден производ десно од главната слика стои опис на производот кој се состои од:  краток опис за материјалот, начинот на одржување и димензиите на производот. Секој производ е измерен во обемот на градниот кош, обемот на половината, обемот на колковите и должината. Според тоа можете да ја пронајдете и нарачате вашата големина.  За повеќе информации во врска со големините посетете го делот наречен Мапа на големини во полето Информации.

7.      Дали постои можност производите да се купат од физичка локација?

Не, производите не можат да се купат од физичка локација. Trendy.mk е онлајн продавница и сите производи можете да ги нарачате и купите само преку оваа онлајн продавница.

8.      Дали плаќањето на Тrendy.mk е безбедно?

За да ги направиме Вашите плаќања со платежни картички за производите кои Вие ги нарачувате од нас што е можно побезбедни, сите Ваши информации се шифрираат со помош на Secure Socket Layer (SSL) технологија. Ова значи дека информациите се пренесуваат преку безбедна конекција на Вашата платежна картичка со нашите партнери Casys International и УНИ Банка, и овие информации не можат да бидат прочитани од било која друга надворешна страна. За префрлување на Вашите плаќања на нашата сметка ние соработуваме со авторизирани компании- Casys International и УНИ Банка, кои ни помагаат да ја верифицираме валидноста на вашата платежна картичка и да ги менаџираме сите трансакции на сигурен начин. Нашите партнери ги процесираат Вашите целокупни детали од платежните картички во согласност со интернационалните сигурносни стандарди зад кои стојат компаниите VISA и MasterCard. Ова значи дека со информациите од Вашите платежни картички се постапува на еден начин кој има висока безбедност. Повеќе информации можете на најдете во Политиката на приватност.

9.      Кои податоци од мојата платежна картичка треба да ги внесам?

По комплетирањето на нарачката следниот чекор е плаќање на истата. При плаќањето потребна ви е вашата платежна картичка и внесување на: Име и презиме на имателот на картичката, Бројот на платежната картичка, Важност на платежната картичка, CVC/CVV кодот и Типот на платежна картичка.

10.  Дали мојата платежна картичка може да биде предмет на злоупотреба?

Во моментот кога ќе ја потврдите порачката и ќе пристапите кон плаќање, Вие од нашата веб страница се редиректирате на веб страницата на Casys. Сите податоци кои ги оставате на веб страницата на Trendy, а тоа се име, презиме, е-пошта, телефон и адреса се употребуваат единствено за испорака на  нарачаниот производ и ракувањето со овие податоци е во строга корелација со Законот за заштита на личните податоци.

11.  Се обидов да платам, но неуспешно. Што треба да направам?

Неуспешното плаќање може да биде резултат на повеќе фактори: недоволно средства на платежната картичка, истечена или блокирана платежна картичка...

Ве советуваме најнапред да ја контактирате банката која ја издала картичката со која сте го извршиле плаќањето.

Доколку со Вашата картичка се е во ред и истата можете да ја користите за интернет плаќање, но обидот да платите е повторно неуспешен, тогаш можете да не контактирате секој  ден на 078/241-554 со цел да ја започнеме процедурата со процесинг центарот на Casys или пак да се обратите во дежурниот центар на Casys, кој е отворен 24 часа на телефонскиот број 02 3293 888.

12.  Кој ја изработи Trendy.mk?

Професионалниот дизајн и модерен изглед на оваа модна онлајн продавница го изгради ViviD.mk

13.  Кои се  моделите кои ни помагаат за да ги презентираме нашите производи?

Ивана и Деспина, девојки кои со својата професионалност и шарм ги претставуваат нашите производи во вистинско trendy светло.