Ве молиме внимателно да ги прочитате правилата и условите, пред користење на Веб страницата. Ако пристапувате на веб страницата, ќе сметаме дека се сoгласувате со општите правила. Ако НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ со условите, Ве молиме, не пристапувајте на веб страницата. Условите се однесуваат за односот на од едната страна - Т.П. Тони Ефтимов (www.trendy.mk) и корисниците на веб страната - од другата страна.

1.      Општи правила и услови за користење на www.trendy.mk

 

Купувачот ги разбира и ги прифаќа правилата дека услугите и информациите на Веб страницата се приложуваат какви што се, и, исто така, го прифаќаат фактот дека www.trendy.mk не превзема никаква одговорност за точноста, извршувањето и неможноста за давање на било какви информации во врска со направени нарачки од купувачите. За да се користи Веб страницата, Купувачот мора да има пристап до Интернет, директно или преку друг уред кој има пристап до Интернет. Купувачот исто така, треба да ги има сите потребни уреди за да пристапи на Интернет, вклучувајќи компјутер, модем или друг производ кој обезбедува пристап до Интернет. www.trendy.mk само обезбедува информации на Веб страницата и не превзема никаква одговорност за нарушувањата или техничките проблеми (предизвикани од електронските апарати на корисникот) кои ја попречуваат употребата на Веб страницата

 

2.      Одговорности на Корисникот при регистрирање на www.trendy.mk

 

Кога се користи Веб страница, Корисникот е обврзан да обезбеди точни, прецизни и целосни лични информации кога ќе го пополнува формуларот за регистрација. Во случај кога Корисникот ќе приложи лажни, неточни или некомплетни податоци, www.trendy.mk го задржува правото да ги поништи и/или прекине информациите за неговата поштенска адреса и да го одбие неговиот пристап до дел или до сите услуги во иднина. 

 

3.      Заштита на Личните податоци

 

Според Законот за заштита на личните податоци, Корисникот го задржува правото да пристапи до сопствените Лични податоци, како и да изврши корекција и промена на податоците кои ги приложил и кои станале сопственост на www.trendy.mk со самото користење на Веб страницата. Со прифаќање на тековните Услови, Корисниците кои веќе ги приложите своите податоци во формуларот за регистрација, се согласуваат Личните податоци да бидат обработени од www.trendy.mk по веб распоред за испорака на производите и услугите. www.trendy.mk изјавува дека Личните податоци кои Корисниците ги приложиле НЕМА да бидат давани на трети лица за рекламирање или промотивни цели. 

4.      Производи понудени на www.trendy.mk

Производите понудени на Веб страницата се поделени во две категории и во повеќе подкатегории. Веб страницата дава информации за цената, главните карактеристики и дополнителни информации на производот, со цел да се обезбеди најголем избор на информации по избор на купувачот. Сите цени на Веб страницата се во македонски денари со вклучен данок. Во случај кога производот има неколку модификации, Веб страницата ќе ја прикаже цената на секоја од нив. www.trendy.mk може да ги менува услугите и цените во било кое време и без претходна најава.

5.      Купување производи од www.trendy.mk

Купувачот има право да купува производи и услуги понудени од www.trendy.mk. Кога прави нарачка, купувачот може да избере производ, количина, испорака според можностите понудени на Веб страницата. Купувачот може да го смени избраниот производ и услуги во било кое време ПРЕД да го реализира плаќањето т.е. нарачката.

6.      Испорака на купените производи 

Испораката на купените производи ќе биде направена според начинот и условите избрани од Купувачот. Во зависност од износот на купениот производ се дефинира испораката. Ако производот е над 599 денари испораката е бесплатна. Во спротивно се доплаќа 130 денари. www.trendy.mk го задржува правото да го продолжи периодот на испорака не повеќе од 5 дена без да го извести купувачот.

7.      Плаќање на купените производи и услуги 

 

Плаќањето на производите нa www.trendy.mk може да се изврши на 3(три) начини и тоа:

1.      Со платежна картичка - Кога Купувачот ќе изврши банкарски трансфер, тој е обврзан да префрли износ еднаков на цената на купениот производ на сметка на Т.П. Тони Ефтимов, наведено на генерираната фактура и веднаш откако ќе биде потврдена уплатата, ќе се активира постапката за испорака. Купувачот плаќа преку виртуелна точка на продажба (ПОС) терминал, тој е обврзан да префрли полн износ еднаков на цената на производот преку ПОС апаратот, и веднаш откако ќе биде потврдена уплатата, ќе се активира постапката за испорака.

2.      Со уплатница - Доколку немате платежна картичка Trendy.mk ви овозможува да направите нарачки за кои можете да платите со уплатница. Купете на овој начин брзо и лесно, во неколку чекори со следнава постапка:

         Контактирајте не на нашиот контакт телефон 078/241-554 за да го резервирате производот што сакате да го купите;

         Уплатете парични средства во износ на цената на саканиот производ преку уплатница;

         Испратете ни email на info@trendy.mk во кој ќе ја закачите скенирана или сликана со фотоапарат уплатницата;

         По примање на средствата на нашата сметка вашата нарачка ќе биде процесирана и за 2 дена можете да ја очекувате на наведената адреса.

3.      Плаќање при достава на дистибутерската компанија Многу погоден, брз и лесен начин на плаќање доколку сакате да платите во кеш. Едноставно го избирате овој начин на плаќање при комплетирањето на нарачката.

 

8.      Враќање на купен производ

 

Купувачот може да го врати производот доколку иститот не му одговара, но на СОПСТВЕН ТРОШОК за испорака заедно со испратницата што ќе ја добие при доставувањето.

Доколку производот е испорачан во погрешна боја, големина, стил, од таа што фигурира во нарачката, тогаш ние ја носиме целата одговорност и враќањето на производот назад е на НАШ ТРОШОК.

Адресата за враќање е:

Т.П Тони Ефтимов

Ул. Јајце бр.1

2000 Штип

Телефон за контакт: 078/241-554

 

9.      Гаранција

Производите од www.trendy.mk не подлежат на гаранција.