Постојат 2 (две) опции за враќање на производот:

 

1.      Доколку производот е погрешно процесиран (добивате различен производ од тој што го имате нарачано);

 

www.trendy.mk сноси целосна одговорност за враќањето на производот, само дококу истиот е погрешно процесиран од наша страна. Под погрешно процесирање се подразбира: испратена погрешна големина, погрешна боја или оштетен производ. Во тој случај потребно е да го повикате нашиот соработник за достава Глобко Логистикс, www.gls.com.mk, телефон за контакт 078/500-022 и да го вратите производот на нашата адреса:

 

Т.П Тони Ефтимов

Ул. Јајце бр.1

2000 Штип

 

Производот НЕ треба да биде отстранет од оригиналното пакување и треба да ја содржи испратницата која ние Ви ја имаме пратено со истиот. Трошоците поврзани со враќањето ќе бидат подмирени од www.trendy.mk.

Доколку не сме во можност да го замениме произвидот, на Корисниците ќе им биде понудено рефундирање на уплатените парични средства. Рефундацијата на паричните средства ќе биде процесуирано на трансакциска сметка на ваше име во било која банка која оперира на територијата на Република Македонија.

 

2.      Доколу производот е точно процесиран (го добивате производот што сте го нарачале);

 

www.trendy.mk не сноси одговорност за враќање на производот доколку тој е точно процесиран од наша страна. Трошоците за враќање на производот ги сноси Купувачот.

Постои можност производот да се замени, доколку сеуште го има на залиха, но патните трошоци се на сметка на купувачот. Корисникот има право да ги искористи овие опции во најдолг рок од 5 дена по примањето на производот.

www.trendy.mk не превзема одговорност доколку производот што сакате да го замените не е повеќе на залиха. Во тој случај би требало да пронајдете некој друг производ од широкиот асортиман на е - продавницата.

www.trendy.mk има резервирано право да ја менува Политика за враќање на производи и парични средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата  www.trendy.mk . Нашата политика за Враќање на производ и парични средства е достапна на нашата веб страницата. Ви препорачуваме при секоја посета на веб страницата да ги погледнете објавените измени од Политиката за враќање.